Скопјаните се Бугари, вели Каменос

Министерот за одбрана на Грција, Панс Каменос, во интервјуто за ТВ Антена вели дека Македонија била дел од планот на Тито и на Југославија за излез на море и додал дека во регионот „била пролеана крв”.

„И сега доаѓаат да им кажат на победниците дека ќе треба да помине ставот на поразените. И на крајот на краиштата чекаа 25 години да се реши прашањето, нека чекаат 35.

И нека сфатат скопјаните, кои и што се? Тие се Бугари-Словени кои го имаат формирано ВМРО, Албанци кои се обидуваат да земат и тие еден дел од Скопје и говорат за Голема Албанија и некои Срби, рече Каменос, пренесе МИА.

Тој уште еднаш се закани дека ќе спречи преспанскиот договор да стигне до грчкиот парламент, но доколку се случи тоа – тој и неговата партија ќе се повлече од коалициската влада на Алексис Ципрас.

1 Коментар

Comments are closed.