Скопје денеска најопасен град во фудбалска Европа, “Балистите” на Филип II

Мечот во квалификациите на европската лига на шампиони меѓу тетовска Шкендија и велшкиот претставник ТНС го прави денеска градскиот парк и делот од Скопје околу стадионот Филип Втори потенцијална опасна зона.

Не поради гостите од Велс и нивната навивачка група туку поради опасноста да дојде до судири и инциденти меѓу навивачи на Шкупи од Скопје кои ќе ја бодрат Шкендија од Тетово и навивачите на скопски Вардар, Комитите, чиј член Никола Саздовски вчера почина откако пред 12 дена беше претепан и прободен со нож.

Во официјалната најава на мечот на ТНС (Новите светци) се потсетува дека и покрај тоа што Шкендија игра на 28 миљи од дома клубот може да има силна поддршка и се наведува дека лани во Лигата на Европа против Милан ја следеле 26,500 гледачи на Филип Втори Арената.

Според неофицијални информации од МВР целиот поширок терен околу стадионот ќе биде под целосна контрола а ќе бидат надгледувани и главните рути по кои од Тетово но и од Скопје и други градови ќе доаѓаат навивачи на шампионот Шкендија.

Се очекува МВР да распореди доволно сили кои што ќе спречат инциденти меѓу навивачите на било кој клуб.

Сепак никој не може да исклучи дека може да дојде до контакт и меѓу револтираните навивачи на клубовите кои од предходно имаат нерасчистени сметки.

Според засега неофицијалните информации убијците на Саздовски се членови на навивачката група Шверцери на фудбалскиот клуб Шкупи од Скопје.

Ноќеска тензиите ги зголемија и навивачите на Тетекс Војводите кои на полноќ протесгираа пред тетовската полиција.

“Војводите” вечерва пред полициската станица во Тетово за Саздо