Неџедин Буши немал можност да ја исполни желбата на неговиот татко и да стане „хафиз“, човек кој напамет го научил Куранот и личност која има огромна почит меѓу муслиманските верници.

Но, тој најде начин да биде близок со муслиманската света книга со тоа што подучува ученици за Куранот во неговата златарска работилница.

Ги дава лекциите додека го обликува златото во неговата работилница, а златарскиот занает го нарекува своја втора работа, пишува агенцијата Анадолија.

Буши за агенцијата раскажа дека потекнува од семејство на занаетчии, а неговиот татко, чичко и неговите браќа се занаетчии во различни области.

Тој рече дека не можел да стане хафиз, некој што го напамет го научил Куранот, откако го напуштил образованието во една џамија во центарот на Скопје иако тоа била желба на неговиот татко – едно од децата да тане хафиз.

Буши смета дека предавајќи за Куранот тој сепак се одолжува на оние што инвестирале во неговото образование, па затоа и почнал да дава часови. Секоја година тој има меѓу 4 и 7 ученици.

Во изминативе 25 години низ неговиот дуќан – училница поминале повеќе од 50 ученици од кои најстариот имал 59 години.

Неговите ученици се од различни професии, вклучувајќи и политичари, спортисти, бизнисмени, дуќанџии…

SHARE