Повторното преговарање за Преспанскиот договор побара потпретседателот „Независни Грци“(АНЕЛ), Панајотис Сгуридис, по „провокативните“ изјави на Зоран Заев дека во Грција ќе се изучува  „македонски“ јазик, пренесуваат грчки медиуми.

Запрашан дали медијаторот Метју Нимиц вчера интервенирал на барање на премиерот Алексис Ципрас или на министерот Панос Каменос, Скуридис, во гостување на радио рече „Знам дека двајцата имаат отворени телефони, не знам дали побарале“.

Скуридис, заменик-претседател на АНЕЛ,  потврди дека кога преспанскиот ќе дојде во парламент тие како партија нема да гласаат.

„Нашата позиција е дека не зборуваме за добар или лош договор, туку дека изворот на злото е зборот Македонија”, вели Панајотис Скуридис.

SHARE

Оставете Коментар