Словенечки европратеник: Европска комисија со двоен аршин за Груевски

Милан Звер, член на Европски парламент од Словенија, ја обвини Европска комисија за двојни стандарди во врска со случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

„Како може Орбан да ја објасни одлуката ако тоа е секако правно прашање, а не политичко? Исто така изненадува што Европска комисија не покажа интерес за злоупотребата на судството и за спроведувањето на законот за политички цели од страна на Владата на Заев. #Двојни стандарди“, напиша претседателот на Словенечка демократска странска (СДС) на својот профил на Твитер како одговор на твитот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со кој бара „гласно објаснување“ од унгарскиот премиер Виктор Орбан по која основа му е доделен политички азил на Груевски.

 

SHARE

Оставете Коментар