Словенија е најчиста држава на светот

Обединетите нации ја прогласија 2017 година за Меѓународна година на одржлив развој на туризмот, а земја која освои најмногу бодови во сите категории и на тој начин ја освои престижната титула е – Словенија.

Титулата дојде откако беше констатирано дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, почнувајќи од грижата животната средина и климатските промени, биолошката разновидност, културната автентичност и друго.

Оваа вест не изненади многумина бидејќи словенечкиот главен град ја освои титулата најзелен град во Европа во 2016 година.

Словенечката влада воведе сет на мерки и закони за заштита на животната средина како што е управување и рециклирање на една третина од отпадот,  воведување на јавни велосипеди, автобуси на природен гас, забрана за возење автомобили во центрите на поголеми градови…

Друга причина зошто Словенија ја заслужува титулата е и фактот што 60 отсто од територијата на Словенија е покриена со шуми.

На ова ва треба да се додаде на фактот дека во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои живеат непречено во 40 национални паркови и резервати.

SHARE