„Смартфоните“ знаат с’е за корисниците на Фејсбук

Во изминатите 10 години, Фејсбук потпишал договори со најмалку 60 главни производители на телефони, смартфони и други електронски уреди преку кои овие вториве добиле пристап до личните податоци од корсниците на оваа социјална мрежа.

Повеќето од овие договори сé уште се во сила, објави весникот „Њујорк тајмс“.

Според информациите, с’е почнало кога Фејсбук се обидувал да стане доминантна меѓу социјалните мрежи и контактирал со компании како Apple, Microsoft, Amazon и Samsung.

Производителите на паметни телефони добиле пристап до податоците не само до корисниците на Фејсбук туку и до податоци за нивните пријатели, без нивна согласност.

Блокирањето на функцијата „споделување“ не секогаш помага, открива „Њујорк тајмс“.

Оставете Коментар