Смешно, но неуспешно: македонски играч фатен во измама (ВИДЕО)

Одбојкар на македонската репрезентација употреби хумористична, иако неспортска, тактика во мечот против Унгарија на квалификациите за Европскиот шампионат 2019 година, за да ги убеди судиите дека еден од унгарските играчи, во обид да контрира, ја допрел мрежата и со тоа загубил поен.

Видео снимката покажува дека Македонскиот сетер со број 6, Давид Стојанов, ја користи раката за да ја повлече надолу мрежата, за да изгледа како унгарскиот играч со број 14, Криштиан Падар, кој ја контрира топката, ја допрел мрежата. Веднаш по акцијата, Стојанов и капитенот, Никола Ѓоргиев, почнуваат расправа со судиите. Сепак, од снимакта е јасно дека Стојанов ја повлекол мрежата.

На крајот, Македонија го доби проигрувањето со 3-2, откако ги доби првите два натпревари по ред, и двата со резултат 25-23. Унгарија, пак, ги доби двата наредни натпревари со идентичен резултат, 25-23. Во последниот меч, Македонија се избори за победа од 16-14.
По победата над Унгарија, Македонија ги загуби наредните два натпревари, против Украина и Швајцарија, но повторно ја победи Швајцарија на 25-ти август.

SHARE