Група снајперисти Албанци  се приклучиле на џихадистите кои се борат во Идлиб, Сирија, објави „Франс соар“ (France Soir), а објавиле и видео за нивната активност насловено „Албански снајперисти во земјата Шамит“, како што џихадистите ја нарекуваат Сирија.

Тие се регрутирани во Сирија во рамките на џихадистичката група Хајат Тахрир ал-Чам (Hayat Tahrir al-Cham). Во групата има стотина Албанци, предводени од Хатаби Албани, пренесува МИА.

„Инаку, еден Албанец наречен шеик Абу Катада ал-Албани, чие вистинско име е Абдул Јашари, е македонски државјанин и бил воен лидер на Ал Нусра во 2016 година поради што бил на црната листа на американското Министерство за финансии, наведува „Франс соар“.

SHARE

Comments are closed.