Снимка што ги демантира провладините а не ве остава рамнодушни (ВИДЕО ОД ДРОН)

Објавуваме видео снимено од дрон во кое ги има најинтересните и најемотивните моменти од протестот на движењето #Бојкотирам што се одржа на 18 ноември пред Собранието на Република Македонија.

Иако протестот против менувањето на името и уставот се одржа на студено и врнежливо време а автобусите со кои демонстрантите доаѓаа од внатрешноста на земјата беа запирани од полицијата на влезот во Скопје од видеото јасно се гледа дека во центарот на Скопје беа присутни илјадници луѓе.

Видеото од дрон ги демантира извештаите на дел од провладинните медиуми кои во обид да го минимизираат успехот на протестот зад кој не стоеше ниту една политичка партија во своите извештаи тврдеа дека на протестот учествувале околу 1000 граѓани.

SHARE

Оставете Коментар