Со бугарски пасош да се плаќа и данок, бара бугарската опозиција

Бугарската опозиција бара нови правила во пасошката политика. Социјалистите бараат гаранции дека лицата кои ќе добијат бугарски пасош ќе ги плакаат даноците и останатите давачки во Бугарија со што ќе покажат дека се лојални граѓани на „новата татковина“, дознава „Сител“.

Цецка Цачева, министер за правда на соседна Бугарија, деновиве објави дека од вкупно 17.739 лица кои побарале бугарско државјанство во периодот од мај 2017 – мај 2018 година над 10.000 се Македонци, пишува бугарски „Монитор“.

За една година биле одобрени  9.848 апликации, а одбиени се 895.

Најбројни баратели на бугарски пасош се граѓани од источниот дел на Македонија, а „рекордер е најисточниот град кој граничи токму со Бугарија, Делчево каде 70 отсто жителите веќе имаат двојно државјанство“ пишува весникот „Вечер“.

Освен од Македонија, голем дел од барателите на бугарските пасоши  се од  Украина, Албанија , Србија и Молдавија.

 

Оставете Коментар