Со евро кафе, Скопје најефтино во Европа

Според најновата листа на интернет платформата за брзи и евтини карти за автобуски и железнички сообраќај “Wanderu” , на најевтините и најскапите градови во Европа, Скопје е најевтин, следува Приштина, па Подгорица.

Пресметката е направена врз основа на просечните цени на одредени стоки и услуги во секој град, како што се трошоците за еден километар на возење со такси, едно локално пиво, шолја капучино, билети за во музеј, ноќевање во хотел за една особа, билети за јавен превоз во еден правец и три оброци за едно лице во просечен ресторан.

Резултатите велат дека Скопје не само што е најевтин град во Југоисточна Европа, туку и на целиот европски континент.
Престолнината на Македонија, според пресметките на “Wanderu”, има најниска просечна цена на хотелско сместување во Европа, во износ од 56 евра за едно лице, трета најниска цена за три оброци во просечен ресторан од 8,5 евра, петта најниска цена за шолја капучино од 1,2 евра.

Од другата страна на листата, Монако, Рејкјавик и Даблин се трите најскапи градови во Европа.

SHARE