Со „европското знаменце“, по заобиколен пат, договорот за името пред претениците

Спикерот на македонскиот парламенти за денеска во 11 часот ја закажа седницата на за ратификација на Договорот за промена на името на земјава,а потпишан завчера во Преспа и усвоен вчера од владата.

Заобиколена е собраниската Комисија за надворешни работи со која претседава екс-министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и која има ингеренции да даде свое мислење за:

-надворешната политика на Република Македонија и нејзините односи со другите држави и меѓународни организации;

-политиката со која се обезбедува грижата на Републиката за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, како и за културните, економските и социјалните права на граѓаните од Републиката во странство;

-стапување или истапување од сојуз или заедници со други држави;

-стапување вo членство или истапување од членство на меѓународни организации;

-потреба од започнување преговори за склучување билатерални и мултилатерални меѓународни договори на Република Македонија, односно за платформите на овие преговори;

Со „европското знаменце“ за договорот ќе се „дебатира“ на собраниска Комисија за европски прашања со која претседава Артан Груби од ДУИ.

Да потсетиме, и „законот за јазици“ во Собранието „влезе“ со „европско знаменце“.

2 Коментари

  1. Koj ako ne Pretsedatelot Ivanov ima(še) sila da go spreči Zaev da go potpiše nametnatiot dogovor? Zošto ne go napravi toa?

  2. АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ПРАТЕНИЦИ, НАЈСРАМЕН ДОГОВОР ВО ИСТОРИЈАТА НА СВЕТОТ ДА НЕ БИДЕ РАТИФИКУВАН.

    ПОСЕБНО АПЕЛИРАМ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ВАКОВ СРАМЕН ДОГОВОР ДА ОТФРЛАТ!

Comments are closed.