Со протести не се решава името, вели поглаварот на грчката црква

Јеронимос, Поглавар на Грчката православна црква, смета дека прашањата, како што е она со спорот со името, не се решава со протести, јави дописничката на МИА од Атина.

На протестот во Атина пред четири месеци имаше и претставници и од ГПЦ, но сега грчкиот архиепископ вели дека неговиот став е дека ваквите прашања не се решаваат со протести.

„Црквата рече: името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме“ вели Јеронимос според „одговорен е парламентот, ќе одлучи, ќе преземе одговорност и уште нешто Парламентот не е сам, се гласа од народот.“

SHARE

Comments are closed.