Со сегашните стапки на раст, Македонија ќе ја стигне ЕУ за 70 години!

Претставници на мисијата на Светска банка во Македонија денеска уште еднаш констатираа дека таа бавно се движи кон премостување на економскиот јаз во однос на Европска унија, барајќи многу повисоки стапки на раст од земјата.

„Македонија од 2000 година наваму има просечна стапка на раст од 2,8 проценти. Со таков раст таа би го достигнала нивото на ЕУ дури за 70 години. Ако тој се зголеми на 5 отсто, тогаш целта би била остварена за 30 години“, изјави менаџерот за земјава во Светска банка, Марко Мантованели.

За поголем економски развој од Банката порачуваат дека е неопходно искоренување на корупцијата, како зголемување на конкурентноста и на продуктивноста на приватниот сектор.

Од стекнувањето на независноста во 1991 година до денес македонската економија ги достигна или се доближи до посакуваните стапки на раст од 5 отсто само од 2006 до 2008 година, кога прво имаше 4,9 отсто, па историски рекордните 6,1 отсто и потоа 5 отсто, за лани да падне на 0 отсто.

 

 

SHARE

Оставете Коментар