Со жив штит против гасоводот на Водно! (ВИДЕО)

Менувањето на трасата на гасоводот кон Гостивар кој треба да минува преку сртот на Водно ќе значи одложување на гасификацијата за околу пет години, вели вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тој вели дека проблемот може да се реши со тоа што за секое исечено дрво ќе се посадат – најмалку десет.

„Она што е направено е со интервенции во постојните траси на градење и е максимално избегнато да се оштетува шумата на Водно и тука ќе биде минимизирано било какво оштетување“ вели вицепремиерот.

Инвеститорот и фирмата изведувач го избраа сртот на Водно за траса со цел да одбегнат средства и процедура за експропријација на земјиште доколку гасоводот се движи низ приватно земјиште.

Граѓански активисти од иницијативата „Го сакам Водно“ најавија дека доколку е потребно ќе ја пранат Планината и зеленилото со жив штит.

Државната компанија Македонски енергетски ресурси МЕР е инвеститор на трасата на гасоводот Скопје -Тетово – Гостивар која чини 34 милиони евра, а тендерот пред две години го доби кумановската фирма Рапид Билд.

SHARE