Собрание без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по пресудата за Груевски

Loading...

По пресудата за нивниот почесен претседател Никола Груевски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија денешната 46. пленарна седница на македонското Собрание.

Поранешниот премиер Груевски доби две години затвор за случајот „Тенк“ на Специјално јавно обвинителство за набавка на блиндираниот „Мерцедес“, за која бившиот помошник министер во Министерство за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, беше осуден на 6,5 години затвор.

Претходно, Собрание не ги изгласа предложените измени на Законот за акцизи токму од партијата што освои најмногу гласови на последните парламентарни избори, со кои таа побара намалување на акцизата за дизелот и на горивото за греење за по три денара, односно нејзино враќање на нивото пред Владата да ја зголеми од 1 јануари.

По излегувањето на најголемата опозициска партија од седницата, пратениците го ислушаа обраќањето на народниот правобранител Иџет Мемети, кој го претстави годишниот извештај за својата работа.