Собранието нема мандат да менува Устав, вели Димовски

Со 71 глас за и 40 против усвоен е дневниот ред на собраниската седница по владиниот предлог за пристапување кон измена на Уставот.

Пред почетокот на расправата, Илија Димовски  побара точката да биде тргната од дневен ред, бидејќи според него, владата нема ниту изборен ниту референдумски легитимитет да предлага уставни измени.

Тој побара точката за промена на Уставот да се тргне од дневниот ред.

,, Собранието нема легитимитет да влезе во оваа процедура, рече Димовски, пренесува „Нова ТВ.

SHARE