Сочувство од Иванов и Заев по смртта на Ванчо Петрушевски

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод смртта на актерот Ванчо Петрушевски, упати писма со сочуство до семејството Петрушевски и до Драмскиот театар во Скопје.

„Со прераното заминување на Ванчо Петрушевски загубивме голем актер и прекрасен човек. Ќе останат во сеќавањата неговите остварувања на театарската сцена, како и бројните ангажмани во филмски, телевизиски и радио проекти. Со својот раскошен актерски талент остави неизбришлив печат во еден од најпопуларните телевизиски проекти, Македонските народни приказни и во култната радио емисија Хихириху“ се наве во писмата со сочувство до семејството и до Драмски театар од претседателот Ѓорѓе Иванов поповод ненадејната трагична смрт на актерот Ванчо Петрушевски.

,Жална е веста за смртта на знаменитиот доајен на македонскиот театар и филм, Ванчо Петрушевски.Неговиот актерски талент ќе продолжи да живее како инспирација за многу млади актери во Република Македонија.

Нека почива во мир“- напиша во писмото со сочувството премиерот Зоран Заев.

Петрушевски е роден на 19 април, 1951 година во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Добитник е на бројни престижни награди и признанија за својата дејност.

Петрушевски почина вчера од струен удар во 13 часот и 20 минути, кога ракувал со апарат за заварување во неговата куќа во Орешани.