Софија бесна на Заев за уставот, Борисов го смирува Каракачанов

Одлуката на македонската влада да го смени уставот за да ги вметне барањата на Грција и албанското малцинство во највисокиот правен акт на државата ја вознемири официјална Софија.

Извори блиски на коалиционите партнери на Бојко Борисов тврдат дека Македонија со промената на уставот го урива договорот за пријателство со Бугарија и прави директна провокација.

Причина се историските објаснувања за Бугарија во дел од документите кои сега владата на Заев ги потенцира во уставот.

Според изворите на expres.mk лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов кој е вицепремиер и министер за одбрана уште во петокот побарал итна владина седница.

На неа требало да се расправа на тема уставот на Македонија и прекршување на договорот за пријателство но од премиерот Борисов не добил одговор на барањето.

Други бугарски извори тврдат дека Каракачанов преку дебата и незадоволство од промената во македонскиот устав сака да ја амортизира темата со корупцијата при издавање на бугарски пасоши во која тој е обвинет дека земал дел од 28 милиони евра платени од Молдавци, Украинци и Македонци.

Според истите извори негативното потретирање на Бугарија во промените на македонскиот устав предизвикале лутина и кај премиерот Борисов кој ако темата стане доминантна во Бугарија ќе има политички последици.

Сепак тие тврдат дека засега на барање на западните сојузници Борисов нема да реагира на потезите на Заев за да не направи штета на Преспанскиот договор кој и Софија го смета за клучен за балканската стабилност.

Следува: Што конкретно ја налути Софија (во 13.00)

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар