Софија на нозе, македонски јазик – нема!

Објавата на македонскиот премиер Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил во која вели дека по влегувањето на Македонија во ЕУ, македонскиот јазик ќе биде признат од 500 луѓе во Унијата, ја крена температурата во Бугарија.

Вчера лидерот на националистичката „Атака“ Волен Сидеров и вицепремиерот и лидер на бугарското ВМРО-БНД побараа анкекс кон договорот за добрососество со јасна идеја да се прецизира дека нема македонски јазик.

Утрово, во студиото на „Bulgaria on air“ на ова реагираше и пратеникот од Обединетите патриоти, Александар Сиди според кој „такво нешто како признавање на јазик во светот нема“.

„Примери за ова се Белгија, Австрија. Македонија може да биде полноправна членка на ЕУ, но тоа не значи дека од утре ќе има македонски јазик“,вели Сиди.

Експертот за меѓународни односи Бојан Чуков, пак, рече дека Бугарија продолжува да дозволува истата грешка, бидејќи Министерството за надворешни работи не реагирало навремено на зборовите на Заев.

„Не може премиерот на една земја да каже нешто и во исто време тоа да се коментира од политички партии и академската заедница, а надлежните институции да молчат“, рече тој.

„Бугарија од всоя страна секогаш се држела пријателски. Проблемот кај југозападниот сосед доаѓа од македонизмот, кој се чини дека го запира развојот на земјата“, рече Чуков.

Нови закани од владата во Софија, во ЕУ преку анекс на договорот

 

1 Коментар

  1. Sto da se kaze za ovie drski i primitivni sushtestva so Tataro-Mongolski gen koi ushte go sonuvaat Sanstefanskiot son za Golema Bugarija. Makedonskiot narod,jazik i drzava se realnost i toa ne zavisi od prostaklukot i zlobata na ovie – M R S N I C I’

Comments are closed.