Проф. Силјановска: Учеството на Европската Комисија во референдумот е забрането

Професорката Гордана Силјановска Давкова вели дека учеството на Европската комисија која официјално е дел од кампањата за референдумот, е спротивно на македонските закони.

“Изборниот законик врз основа на кој се води кампањата за референдумот забранува финансирање на изборна кампања од странски извори”, изјави Силјановска во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Професорката смета дека сега власта прави инверзија и наместо да се потпира на мислењето на граѓаните тврди дека храбри политичари треба да преземат одговорност и сами да носат одлуки во име на граѓаните.

За Силјановска тоа е спротивно на европските трендови каде се оди на поблизок контакт со граѓаните и повисоко ниво на непосредна демократија.

Според неа погрешно е да се упатува порака дека ако референдумот пропадне владата пак ќе донесе решение според своите ставови.

SHARE

Comments are closed.