На неколку денови пред пристигнувањето на премиерот Алексис Ципрас во Солун каде в сабота треба да се обрати на годинашниов Меѓународен саем(TIF) Солун му подготвува „топло“ добредојде.

Од синоќа, градот е излепен со постери, банери и транспаренти со пораки „Македонија не е на продажба, прием за предавникот“, „Ципрас непожелен во Македонија“.

 

 

 

Во исто време, организации, културни клубови, пан-македонски здруженија и обичните граѓани се подготвуваат за големиот митинг на кој ќе го изразат противењето на Преспанскиот договор.

Организатори на собирот се Светската пан-македонска унија,  Панелинската федерација на културни здруженија на Македонци (POGSM) и Комитетите на македонската борба.

Оставете Коментар