Илјадници Грци протестираа во Солун синоќа против договорот со соседна Македонија со кој се става крај на деценискиот спор околу нејзиното име.

Полицијата употреби солзавец против една група демонстрантикои се одвоија од толпата и фрлаа камења.

Немирите започнаа откако неколку стотици луѓе ја нападнаа општината извикувајќи слогани против градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис и премиерот Алексис Ципрас. Фрлаа камења, ги урнисаа оградите поставени од полицијата и се обидоа преку грчката полиција да стигнат до Меѓународниот Саем. Ситуијата дополнително се влоши, демонстрантите фрлаа молотови коктели, палеа корпи и предмети, вееја грчки знамиња извикувајки Македонија е грчка.

Над 20 лица беа приведени а некои се пожалиле на проблеми со дишењето поради солзавецот за време на инцидентите.

Државната телевизија прикажа снимки на полицајци кои ги растеруваат демонстрантите во близина на бариерите подигнати околу местото каде се одржува Меѓународниот саем каде се обрати ипремиерот Алексис Ципрас.

Според полициски извори бројот на демонстранти бил повеќе од 15.000, од кои многумина носеа грчко знаме.

Грција е во спор од 1991 година околу името Македонија и тврди дека тоа може да имплицира територијални претензии врз истоимената провинција во Грција и присвојување на античка грчка култура и цивилизација, пишува Ројтерс.

SHARE