Судир меѓу демонстрантите и полицијата имаше попладнето надвор од Меѓународниот саем во Солун, каде што се одржа митингот на СИРИЗА на кои претставници на владата говореа за придобивките од Преспанскиот договор, ден по вчерашните протести на кои неколку илјади солунчани изразија противење со договорот Ципрас-Заев.

Насобраните, меѓу кои и навивачи на ФК ПАОК, се обидоа да влезат насила, но беа спречени од силното полициско обезбедување кое употреби и солзавец.

Во врска со денешните немили настани СИРИЗА објави соопштение во кое се вели дека оваа партија, како и секоја друга „нема да бара дозвола од сите десничарски и маргинализирани групи да одржува настани поврзани со договорот со пјРМ или за кој било друг предмет. Тажните епизоди што се случија … во Солун дури и не го изразуваат ставот на граѓаните на Солун, ниту на еден демократски граѓанин, ниту на навивачките клубови. Очекуваме ФК ПАОК да ги осуди овие бедни дејства…“ се вели во реакцијата од СИРИЗА.

 

Оставете Коментар