Десетици Грци  вечерва протестираат на плоштадот „Синтагма“, против договорот Ципрас-Заев за името според кој Македонија во иднина ќе ја добие придаката „Северна“.

Демонстрантите се противат зборот “Македонија” да фигурира во името на северниот им сосед. На плоштадот „Синтагма“ расположенија одат во крајност.

„Или си Грк, или не си добро примен. Присуство на Македонци целосно не е дозвиолено“,  јавува екипа на бугарската ТВ Нова од Атина.

Малку по 19 часот по грчко време, насобраните почнале да ја гаѓаат полицијата со шишиња со вода. Полицијата го возврати ударот и се обиде да ги избрка со солзавец. Набргу откако се разбегаа во различни насоки, демонстрантите се вратија на плоштадот и го продолжија својот протест.

Се пјат песни дека Македонија е грчка, дека Елада е на оган и нож со Скопје, дека Александар Велики е Грк .

Луѓе како Јанис кој живее во Холандија, но е Грк,ги  запираат автомобилите на патот, за да покажат дека се против договорот со Македонија.

„Ќе ја промениме историјата за следните генерации, бидејќи тоа момче во парламентот сака да ја промени? Не! Македонија е грчка“, категоричен е Јанис.

Според статистиката 75 отсто од Грците воопшто не сакаат зборот „Македонија“ да фигурира во името на северниот им сосед, јавува опуисикот на бугарската Тв Нова“ од Атина.

https://www.vbox7.com/play:598ab9ca9e

 

SHARE