Соработник на Г.г. Стефан со алузии за предавство, сатанизам, манипулации на “квазиновинарот” Героски

Loading...

Близок соработник на поглаварот на МПЦ -0А, презвитерот Бобан Митевски со невообичаен напад врз уредникот на весникот Слободен Печат и порталот Плусинфо.мк, Бранко Героски.

Откако Героски ја нападна МПЦ – ОА за барањето до Цариград да се откажат од името Македонска за да биде признаена како Охридска и Јустинијана Прима, новинарот е оштро нападнат од страна на врвот на македонската црква со употреба на алузии за предавство, сатанизам и манипулации.

Познавачи на црковните прилики тврдат дека презвитерот кој е неформален шеф на црковниот Пи – Ар тим не можел да го објави нападот врз Героски без дозвола од поглаварот Стефан.

Покрај нападот вез Героски презвитерот објаснува зошто потегот на МПЦ е исправен според владиците и поглаварот.

Објавата на Митевски:

Читам денес едно ставченце, едно колумниче, една глупост (не ја пишувам намерно во деминутив) на експертот за манипулација и махерот за давање услуги – на еден квази новинар и уредник.

Човекот е навиостина професионален да одработува, да дава услуги, што го сврстува во реодот на различните давачи на услуги. Но во ред,тоа е слободарски избор, само се излажал со тоа дека овој негов професионализам е доблест.

Во своето коментарче тој ги прозива владиците на САС на МПЦ за предавници, дека го продале македонското,нарекувајќи ги неколку пати мрсници (ептен долично)… Замислете овој – кој во своите ставови стопати го продал македонското, на кого не му чинело многу нешто овде во Македонија, а никако да си замине,да рече не се живее овде….изгледа добро (се) живее.

А заборавил кутриот, неговите ментори (на пример Јанко, кој место да го воведе во верата, го вовел во тајните на омразата) и тие што им веруваат колку пати САС на МПЦ излегол со соопштенија околу името на државата, Црквата – дека треба да се опстои и да се зачува.

Нема да се занимавам со историјата и патологијата на личноста на човечето-жуналист,ниту ќе кажувам за неговата близина со Нинови (ПОА), ниту пак за неговиот чуден атеизам кој кога е во функција на “проектот Вранишковски” – преминува дури во верски фанатизам,а кога се работи за МПЦ – преминува во оној стандарден македонски атеист (јас сум атеист,не верувам,но верата,Црквата,поповите,не чинат,вакви се,такви се) – непријател на верата и Црквата,богоборец,вероосквернувач… преминува во сатанист.

Возљубени и мили во Христа, сакам да ви кажам дека ве лажат и сакаат да ве измамат, дека спинуваат. Дали од некаков страв,дали од омраза така реагираат,не знам,но не е Христовски.

Писмото до Сесветиот Вселенски патријарх е испратено заради неговата грижа за телото на Христовата Црква,кое со нерешениот статус на МПЦ – крвави.Патријархот соболува со верниот народ во Македонија кој е неправедно изопштен од заедничарењето со сите други православни и сака искрено да пристапи кон решавање на проблемот.

Ослободен е од светските желби за доминација,за поседување,за црковен империјализам… Историски и канонски е таму каде што е – неговиот статус е резултат на историјата и согласието на православната екумена. Некому не ми се допаѓа тоа,но тој ги има инструментите кај себе,а згора на се има и духовна димензија и духовна човечност.

Историски речиси сите Православни Цркви тропале на вратата на Константинопол кога биле надвор од заедницата – дури и предците на белградски Иринеј, московски Кирил, бугарски Неофит. И мудри се нашите синодски старци и оние кои се најзсалужни и најупорни и најоддани во желбата и љубовта да се реши прашањето на МПЦ,а не се дел од САС.

Како Црква тропаме за да ни се отвори,бараме за да најдеме… како личности,со достоинство, со интегритет.

Веруваме и се надеваме на капацитетот на Вселенскиот патријарх,неговиот духовен и личносен. И кажуваме – тие сме,за други не не сметајте,тоа сакаме. А околу името: секој поупатен знае,и за тоа нема што да се објаснува многу,ниедна Црква не е пишана во диптихот со националното име,туку со екслисиолошкото,со името на катедрата. Во нашиот случај Охридска Архиепископија.