Соработник на Заеви со остра критика за Владата

Менаџер на познат македонски бренд во сопственост на член на семејството Заеви остро ја критикува Владата за последната одлука автомобилите да се означуваат со налепница со различни бои за да се знае кој најмногу загадува.

“И што ако е колата со црвена налепница? Па да имаа луѓето пари, ќе купеа нова, вака сега сите ќе знаат дека немаат пари и ќе се срамат.. социјална поделба со класичен пример на булинг и ништо друго! Дај фатете се со реална работа, не туку окривувајте други”, пишува на Твитер Калин Бабушку.

Бабушку е бренд менаџер на еден од најуспешните македонски производи, ајварот МАМАС, кој е производ на Бобан Заев, управител на „Тргопродукт“ и прв братучед на Зоран Заев

Неделава Владата објави дека со цел подобро справување со загадувањето, владата на Република Македонија на предлог на министерството за економија ги усвои законските промени со кои се предвидуваат еколошки налепници и субвенции за еколошките возила. Плус на тоа, ќе се субвенционира и конверзијата на возилата како погонско гориво да користат гас, како и замената со нови на старите дотраени возила кои ќе бидат однесени на отпад.

Со новиот закон за возила, ќе се воведе еколошка категоризација на возилата и соодветни налепници за нив во црвена, жолта и зелена боја.

Категоризацијата ќе биде извршена според нивото на емисиите на издувните гасови од моторите на возилата согласно соодветните технички спецификации, односно ECE или ЕC прописите.

Во првата еколошка категорија ќе влезат возилата со ниво на емисии Еуро 5 и повисоко, како и возилата со Еуро 4 норми на кои е вграден уред за погон на течен нафтен или компримиран земјен гас, како и хибридните и електричните возила. Тие ќе добијат еколошка налепница со зелена боја. Втора еколошка категорија ги опфаќа возилата со ниво на емисии на издувните гасови според Еуро 4 и Еуро 3 нормите и тие ќе бидат означени со жолта налепница. Во третата категорија ќе бидат сите останати возила – со Еуро 2 и пониски норми, како и оние за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив се резервирани налепници со црвена боја.

SHARE

Оставете Коментар