Сорос замина од Унгарија!

Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос ја прекина својата работа во Унгарија, обвинувајќијао Будимпешта за репресија врз граѓанското општество. Премиерот Виктор Орбан постојано го критикуваше магнатот за мешање во внатрешните работи на државата.

„Соочени со се позасиленото репресивно политичко и правно опкружување во Унгарија, Фондацијата Отворено општество ги пренесува своите меѓународни операции и персонал од Будимпешта во германскиот главен град Берлин“, потврдија од организацијата денеска.

Патрик Гаспард, претседател на Фондацијата, ја обвини  официјална Будимпешта дека „унгарската влада ја клеветеше нашата работа и ја претставуваше во погрешно светло и го потиснуваше цивилното општество за политички цели“.

Од своја страна, пак, унгарскиот премиер го обвинуваше Сорос дека се меша во внатрешните работи на земјата, дека ги финансира невладините организации кои се против власта, дека се залага за „масовно доселување“ на мигранти во ЕУ и отворено го прогласи за „државен непријател“.