Советничка на Заев го бранеше изборот на Амди Бајрам, се покаја

Loading...

Советничка на премиерот за земјоделие Ленче Николовска се обиде да го одбрани влезот на партијата Сојузот на Ромите во владата и доби жестоки реакции од новинари, симпатизери и членови на СДСМ.

“Амди Бајрам е производ на медиумите. Кој би бил Бајрам, ако не му се емитуваше секоја глупост што ја кажа во Собрание или на митинг. Кој би бил Амди ако медиумите сакајќи да бидат интересни не му ги пренесуваа сите глупости од Собрание. Бев пратеник и знам какви добри дискусии се воделе и какви говори имало од собраниска говорница, но вечерта во вести ГЛАВЕН беше Амди Бајрам со некоја „феномална изјава“ со која свесно ВМРО ДПМНЕ ја дефокусираше темата или проблемот. Знаејќи го ова, секогаш кога имаше потреба координаторот му даваше знак да излезе на говорница за да им даде материјал на медиумите.

Важноста и значењето на Амди Бајрам и за гласање и партиципирање во влади му ја дадоа медумите.

Во овој случај гласот на Амди Бајрам е глас за Законот за Зелена нафта, за ефтина тарифа, за минимална плата, за ратификација на договорот со Бугарија…и сите други добри закони кои оваа влада ќе ги носи, напиша Николовска на Фејсбук.

Одговорите на овој став поразителни за неа и за Владата.

“Не би се сложила со ова воопшто. Тој е народен пратеник избран од народот, а медиумите постојат будно да ја следат неговата работа за која ние го плаќаме. Ние медиумите не го следевме приватно што прави и што зборува. Го правевме тоа како за сите пратеници, така и за него. Некој кој повикува на смрт, кој шири навреди и клевети и те како треба да одговара, а не да биде почастен со удобно столче. Овој човек е крајно прост и неписмен за да биде таму каде што е. Доста ни е веќе од такви кадри”, напиша новинарката Ивана Рамаданова.

Критики за потегот на владата доаѓаат и од новинарите Емилија Лазаревска, Бранко Героски, Бошко Нацески, Кристина Мачкиќ и Камелија Шојлевска.

“Дали мислите дека сме глупи или сакате да не направите да бидеме глупи”, прашува друг граѓанин во врска со одбраната на влезот на Бајрам во владата?