Советник на премиерот обвини музичари дека лажат за настапот за НАТО

Специјалниот советник за комуникации на премиерот Заев, Марјан Забрчанец тврди дека сите што ќе настапат утре на владината прослава точно знаеле за што ќе бидат платени. Тој индиректно ги обвинува тие што тврдеа дека не знаат каде и за што ќе пејат, дека лажат.

“На административно ниво, извонредно чиста ситуација. Сите изведувачи (или лицата задолжени од нив за да ги застапуваат) имаат потпишано договори со Владата на Република Македонија во кои на најексплицитен начин стои дека нивниот професионален ангажман е за музички настан по повод поканата за Македонија за членство во НАТО кој го носи насловот “Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”. Сте чуле ли за некој друг сличен настан, постои ли минимум можност професионалец да не знае на што настапува”, пишува Забрчанец.

” Македонија и граѓаните со право, гордо и чесно ќе го прослават историскиот успех, поканата за членство во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ.

Да, ова се историски успеси, ова се победи за демократијата во Македонија и заслужуваат прослава како никогаш до сега. Кога ако не сега?“ напиша на „Фејсбук“ Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност во Владата.
Тој вели дека ова не се настани како тие на ВМРО-ДПМНЕ, кога, како што додава, единствената намера била да се мобилизира партиска поддршка и да се манипулира со граѓаните”, вели специјалниот советник.

Тој потенцира дека сите изведувачи имале потпишано договор со Владата на кој експлицитно стои за каков настан станува збор, односно дека тие ќе настапат на музички настан по повод поканата на НАТО за членство на земјата во алијансата.

SHARE

Comments are closed.