Советник на Заев: Добиваме сигнали за санкции од западни политичари

Западните политичари се обидуваат да ја убедат опозицијата да гласа за промена на името во Собранието а ако не го убедат ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласат уставните измени, тие може да ни најават и санкции. Посебно ќе има санкции за најголемата опозициска партија, такви сигнали веќе стигнуваат, вели Исмет Рамадани, претседател на Евроатлантскиот совет, советник на премиерот за интеграции во НАТО и поранешен пратеник во интервју за „Радиото Слободна Европа“.

“И понатаму најдобро решение би било кога пратениците во Собранието би гласале за измените во Уставот, затоа што тоа значи нивна одговорност, а кога велиме одговорност во државата најодговорни и најлегитимни за круцијални и значајни историски одлуки се пратениците, затоа што го црпат легитимитетот од граѓаните. И пред вакви историски одлуки мислам дека треба да размислат добро што ако не помине Договорот во Собрание, а досега нема некоја алтернатива освен да помине, да се продолжи со процесот и најкраткиот пат до членство во НАТО и започнување на пристапните преговори со ЕУ”, вели советникот на премиерот кој открива дека владата веќе добила сигнали дека се можни санкции за Македонија и за опозицијата.

“Можен е и друг начин на обраќање на лидерите и на европските земји и на земјите членки на НАТО, можат, сега претпоставувам, можат да ни најават и санкции, посебно ќе има санкции за најголемата опозициска партија, такви сигнали веќе стигнуваат. Ние имавме една порака од партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, која припаѓа во истото семејство на десни партии каде што припаѓа и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека оваа фаза сега за да ги убедат ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласат уставните измени нема да биде само пријателска порака, туку ќе биде и порака која на еден начин ќе им укажува дека можат како политика партија да претрпат и ситуации кои нема да одат во прилог на партијата, а тоа значи дека нема да одат во прилог и на граѓаните во државата”, вели Рамадани.

Линкот до видеото на Слободна Европа

SHARE

Comments are closed.