Советник на Заев за поинаков начин на решение на името

Советникот за мултикултура на премиерот Заев јавно предлага да нема ревизија на уставот за да се смени името туку процесот да се води преку пакет од повеќе уставни амандмани и промена на преамбулата.

“Ја почитувам позицијата да нема промена на Уставот со цел промена на уставното име! Но, што ако името се смени со пакет на промени со повеќе амандмани, како на пример промена на Преамбулата на Уставот?”, прашува Рубин Земон претседател на партијата ПОЕН и специјален советник на премиерот.