Спасов: Кундера, Силјановска, Ќулафкова, Блаже Ристовски се потпишале на лаги

Екс министерот за правда и амбасадор во Лондон Ѓорѓи Спасов тврди дека 76 еминентни интелектуалци потпишани на писмото до британскиот весник Гардијан ставиле потпис на лаги.

Во колумна за Независен весник, Спасов се чуди како е можно вакви научници да се потпишат на “полуписмен” апел.

“Во отвореното писмо, потпишано од над 70 домашни и странски научници и автори, секако има и други глупости и небулози како: „НАТО е во идентитетска криза“, дека договорот не гарантира траен мир и слично. Неговите автори веројатно ќе имаат можност да го запознаат НАТО лично со неговата идентитетска криза и да му објаснат дека тоа е „арбитрарен конструкт“ на некои влади од земјите што ја формирале таа организација и дека без тие лично да го подржат договорот ќе нема траен мир во Македонија.

Чуди што зад еден ваков полуписмен апел се нашле и имињата и на луѓе од други земји чии имиња се за почитување. Не е чудно што него го потпишале Солза Грчева, Димитар Апасиев и други, кои во последно време потпишуваат сè што е против власта во Македонија. Но ме чуди противењето на договорот да биде подржано со ваков куп лаги и од личности како Венко Андоновски, Дарко Митревски, Гордана Силјановска, Митко Маџунков, Јордан Плевнеш, Јован Донев, Катица Ќулавкова, Раде Силјан, па и Блаже Ристевски”, пишува Спасов кој вели дека имал повисоко мислење за нив.

Екс генералниот секретар на СДСМ се надев дека прославениот чешки писател Милан Кундера, кој е меѓу потписниците, ќе разбере во какво друштво го ставиле.

За разлика од Спасов кој само нагаѓа дека автор на апелот е професорката Ванковска expres.mk има сигурни сознанија дека авторот на најголем дел од апелот е еден од еминентните странски интелектуалци.

Целиот текст на Спасов на Независен на следниот линк

Писмото на кое се потпишаа 76 интелектуалци.

Гардијан одби да објави писмо – одговор на македонски и светски интелектуалци за договорот со Грција (ФОТО)