Спасов за полицијата, Ирена Ристиќ и советот на Моша Пијаде

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Спасов реагираше на „приведувањето“ на актерката Ирена Ристиќ и преку примерот на еден дамнешен политичар ѝ препорача на полицијата со што би требало да се занимава.

„Во мемоарите, Моша Пијаде раскажува дека добил поплака од некој селанец кој бил уапсен само затоа што изнервиран од чекањето на колоната возила во која бил Пијаде рекол:’Ко је тај Пијаде је*ем ли га у дупе’.
По добивањето на поплаката Моша ведаш испратил писмо до локалниот шеф на полицијата со следнава содржина:’Твоја задача е да се грижиш за безбедноста на граѓаните а не да го чуваш моето дупе. Пуштете го веднаш човекот’.

Изгледа некои од нашите полицајци, кои дури и не ја препознале глумицата Ирена Ристиќ, која се вложи искрено во промените, с’е уште мислат дека е најважно да чуваат нечие дупе“, напиша Спасов на својот ФБ профил во кој се оградува дека не знае што навистина се случило „ама полицијата да постапи толку грубо и непрофесионално кон било кој што викал гласно и го реметел редот и мирот пред зградата на Владата е во најмала рака срамота па и застрашувачки.

 

SHARE

Comments are closed.