Спасовски: Постојат сили кои сакаат референдумот да не успее

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја оценува безбедносната ситуација во Македонија како стабилна, иако, според него, постојат сили кои, преку нарушување на безбедноста, сакаат да го спречат членството во НАТО и во ЕУ.

„Во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна, институциите функционираат, иако постојат сили кои гледаат шанса, преку нарушување на безбедноста, да остварат некакви свои цели, да се спротивстават на нашето членство во НАТО и во Европска унија“, констатира тој во интервју за Македонска информативна агенција (МИА).

„Да, ни се случуваат одредени групирања на политички структури, на поединци итн., кои сакаат да се спротивстават на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Да, има такви структури, има такви поединци во Република Македонија кои, заради задоволување на некои свои лични интереси, би го искористиле моментот за да се спротивстават на членството во ЕУ и во НАТО, а на сметка на тоа да добијат на контото на својата популарност“, додава Спасовски, но смета дерка тие се минорни за да предизвикаат дестабилизација на земјата или да го спречат нејзиниот пат кон евроатлантските структури, а и Македонија има пријатели што ѝ помагаат во таа насока, вели тој.

 

SHARE

Comments are closed.