Спасовски: За повик на бојкот ќе се оди во затвор

Секоја активност, дури и тие на интернет, кои се насочени кон негласање на претстојниот референдум ќе бидат санкционирани, се закани Миннистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на правото на глас ќе биде санкциониран“, рече министерот Спасовски.

Индикативно е што министерот и во оваа изјава, но и во целото излагање, повеќе пати ја истакна заканата кон интернет активистите кои повикуваат на негласање.

SHARE

Comments are closed.