СПЦ до БПЦ: Не дозволувајте да не скара шизматичката МПЦ

Српската Православна Црква и Бугарската Православна Црква размениле писмена комуникација за иницијативата на МПЦ-ОА, да побара признавање на нејзината автокефалност од страна БПЦ, дознава порталот Религија.мк.

-Ваша Светост би сакале со ова да Ве предупредиме дека подршката на Бугарската Православна Црква за шизматиците од Поранешната Југословенска Република Македонија, под изговор дека тие се обраќаат на Бугарската Патријаршија како на ’своја Мајка Црква‘, може само да им наштети на односите на нашите две сестрински Цркви и на единството на Православната екумена воопшто. Затоа бараме од Вас да ја повлечете одлуката на Светиот Синод на Вашата Црква, за да не го принудите Светото Собрание на епископи на нашата помесна Црква да донесе решение кое би имало невидени последици за идните односи на нашите две Цркви. Со надеж дека Вие, со полна свест за Вашата одговорност, ќе ја повлечете некаонската одлука Ви посакуваме секакво добро од Воскреснатиот Господ. Ви приложуваме кратка анализа на Вашата неблагословена иницијатива од црковна и канонска гледна точка, стои како заклучок во писмото, испратено на 17 април”, пишува религија.мк.

1 Коментар

Оставете Коментар