СПЦ менува тактика, праќа сигнали на македонски јазик (ВИДЕО)

Откако Бугарската православна црква ја одби МПЦ – ОА да се заложи за афтокефалност а за возврат да стане црква мајка, а медијатор за признавање стана цариградскиот Патријарх Вартоломеј, српските владици ја менуваат тактиката кон македонските верници.

Приврзаниците на Вранишковски во Македонија сега промовираат теза дека за српската црква нема проблем со идентитетот на Македонците и дека СПЦ преку својата “ТВ Храм” има афирмативен став кон македонскиот јазик

“Од почит кон македонскиот јазик и за потребите на гледачите во Р. Македонија, посебно за припадниците на канонската ПОА, но и за сите останати и заинтересирани, “ТВ Храм”, телевизијата на СПЦ почна да објавува свои емисии титлувани со превод на современ македонски јазик”, се вели во објавата на групата која што го поддржува Вранишковски во Македонија.