Loading...

Владата има обврска да им ја каже вистината за преговорите со Поранешната Југословенска Република Македонија (ПЈРМ) околу прашањето за името, изјави вчера портпаролката на главната опозициска партија Нова Демократија (НД), Марија Спираки.

Поттикната од напис во грчкиот весник  „Та Неа“, во кој се тврди дека Германија понудила слобода на пензиите во замена за решение на спорот за името – Спираки обвини дека владата се занимава со „тајна дипломатија“, пишува атинската АНА-МПА.

Весникот „Та Неа“ дознава дека во позадина се водат преговори  и дека Германците  му ветиле на Алексис Ципрас размена со силна политичка корист за него и за СИРИЗА, во случај да постигне договор за името на Скопје со неговиот колега Зоран Заев.

Станува збор за префрлање за шест месеци подоцна на мерката за кратење на пензиите, пишува весникот и додава дека со тоа владата би можела да земе даде длабок здив и ќе му го отвори патот на Ципрас кон распишување избори во мај 2019.

„Дали владата тајно преговара за решение за прашањето за името за да добие шестмесечно одложување на намалувањето на пензиите во замена? Обврска со која се оптоварува со својата наваму-натаму политика … Грците мора да знаат“, рече таа.

 

Одговарајќи на тоа, извори на грчкото Министерство за надворешни работи ја повикаа Спираки „да не ги тривијализира надворешно-политичките прашања на овој начин“ и истакна дека „тие се посериозни од госпоѓа Спираки“.

Извори од владата, во меѓувреме, ја критикуваа Спираки дека ги прифатила тврдењата на весникот и укажаа на поврзаноста на „Та Неа“ со еден сопственик на брод обвинет за трговија со дрога и обвинија за „бесрамна соработка меѓу парановинарството, митото и Неа демократија на Мицотакис“, јавува агенцијата.