Портпаролката на опозициската Неа демократија, уште еднаш го повика премиерот Алексис Ципрас да распише избори и со тоа да даде можност „народот да го поништи договорот“ од Преспа.

„Во однос на скопското прашање, наместо да прашува што ќе прави Неа демократија ако биде ратификуван договорот, тој самиот и неговите партнери што му стојат на расдполагање, нека го стори тоа штосе подразбира. Избори тука и сега за граѓаните да го понишат договорот“ , вели Спираки како што пренесува МИА од Атина.

Таа ја коментираше прес конференцијата на Ципрас за време на Меѓународниот саем во Солун: „ И покрај многуте прашања што ги добил во Солун,  Ципрас одби да го признае она што е веќе е разбрано од сите. Дека без преговори, тој го предал ‘македонскиот’ јазик и “македонскиата националност’ на Скопје. Нешто што сите претходни влади ги отфрлија“, рече таа.

1 Коментар

Оставете Коментар