Спогодбата блокирана, работната група вратена од Атина

Членовите во македонската работна група кои беа во Атина за со претставници на грчкото Министерство за надворешни работи да ја допрецизираат нацрт-спогодбата од Брисел, според неофицијални информаци, се вратиле во Скопје, објави весникот Независен, основан со грчки капитал кој има добри извори во Атина.

Според информации на Независен, македонскиот тим се вратил дома, ама не се знае дали ја завршил работата во Атина или останале отворени прашања.

Според извори на expres.mk веднаш откако грчкиот премиер се налутил затоа што Скопје побарало допрецизирање на прашања затворени во Брисел, на експертската група и било пренесено да се врати во Скопје се до “одмрзнување” на процесот на преговори за кој не се знае кога и дали ќе продолжи наскоро.

Правната рамка на која работела експертската група не била довршена а групата не успеала да ја заврши својата работа.

Доколку преговорите наскоро продолжат претставниците на Македонија повторно ќе се вратат во Атина.

Оставете Коментар