Споменици од Скопје 2014 ќе добијат ознака за нивната грчкост

Договорот што го постигнаа вчера премиерите на Грција на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев и кој сеуште не е целосно објавен, во еден дел се однесува и на проектот „Скопје 2014Ќ.

Во договорот кој е на 20 страници предвидено е, како што соопштуваат грчки медиуми, доколку спомениците (као што е Воинот на коњ) останат воградот да биде поставена ознака за нивната „грчкост“, дека тие се однесуваат на хеленскиот период и дека претставуваат примери на пријателство меѓу Грција и „Северна Македонија“.

Портпаролот на македонската влада Миле Бошњаковски појасни дека спомениците нема да се дислоцираат:

„На спомениците ќе се стават натписи со појаснување. На пример Воинот на коњ ќе се вика споменик на Александар Македонски со објаснување дека е симбол на хеленскиот антички период и останува како симбол на пријателството меѓу Македонија и Грција.  Истото ќе важи и за споменикот на Филип 2 и Олимпија. Сите споменици ќе бидат обележани во насока на зајакнување на пријателството. Не се срамиме да ги нарекуваме спомнениците такви како што се“, вели портпаролот.