Според платите, Бугарите поблиски до Балканот отколку до ЕУ

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захериева проценува дека доколку платите во Бугарија продолжат да растат со стапка као лансдската, тие ќе го достигнат европскиот просек за десет години.

Минатата година просечната бруто плата во Бугарија достигна 590 евра,  што претставува раст од 11,5 насто годишно. Нето просечниот приход е околу 450 евра, но ова главно се должи на повисоките плати во Софија. Надвор од главниот град, просечните плати се многу пониски.

Захариева рече дека приходите на Балканот сé уште заостануваат зад оние во Западна и Централна Европа, и објасни дека „ние сме демократски држави само 27 години“.

Лидерот на Конфедерација на независни синдикати во Бугарија, Пламен Димитров, вели дека нема значителни разлики во приходите во балканските земји.

Просечниот нето приход  во Србија изнесува 456 евра, во Црна Гора – 512, во Босна – 440, во Македонија – 387 евра, во Косово – 457 евра, во Албанија – околу 300 евра.

Членките на ЕУ, Хрватска и Словенија, имаат многу повисоки приходи.

Просечната плата на Балканот заостанува помеѓу 5 и 10 пати од старите земји-членки и двојно повеќе од новите земји-членки во Централна Европа.