Средба Трамп-Путин на 16 јули во Хелсинки

Loading...

Самитот меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот американски колега, Доналд Трамп, ќе се одржи во Хелсинки на 16 јули, потврдија од Кремљ и од белата куќа..

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков ,ја соопшти веста, а Белата куќа, исто така, ги потврди датумот и местото на состанокот.

„Претседателот Доналд Трамп и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин ќе се состанат на 16 јули 2018 година во Хелсинки, Финска”, рече американската администрација.

Тие ќе разговараат за голем број меѓународни и билатерални прашања, вклучувајќи контрола на оружјето, ситуацијата во Сирија, во Северна Кореја , Украина…

Американскиот лидер на почетокот од оваа недела објави дека Путин ќе разговара за Сирија и Украина, како и за другите меѓународни прашања и билатерални односи. Но, според Ројтерс, Трамп не го вклучува и случајот за мешање на Русија на изборите.

Претходно, двајцата лидери се состанаа на маргините на Азиско-пацифичкиот форум во Виетнам во ноември 2017 година.