Средба Заев – Ципрас: Македонија ветила датуми за спроведување на обврските

Седми октомври и 15 јануари се двата датуми до кои Владата на Македонија треба да ги спроведе обврските преземени со Преспанскиот договор.

На вчерашниот состанок меѓу премиерите Заев и Ципрас на маргините на конференцијата за Западен Балкан во Лондон, Заев рекол дека краен датум за спроведување на референдум е седми октомври.

На средбата Заев искажал убеденост дека референдумот ќе успее, но грчките извори не откриваат на што го темели својот оптимизам.

Во врска со промените на уставот македонскиот премиер дал лични гаранции дека тие ќе се завршат до средината на јануари идната година.

И за овие гаранции Заев не дал конкретен план за спроведување поради што од грчката страна ветувањето е прифатено со недоверба затоа што неговата владеачка коалиција нема 2/3 мнозинатво во Собранието.