Сите 12 момчиња и нивниот фудбалски тренер заглавени повеќе од две недели длабоко во поплавeна  пештера во Тајланд се успешно спасени пренесоа агенциите.

била спасена, соопшти во вторникот тајландската морнарица SEAL, успешен крај на опасната мисија која го зафати светот.

„12 момчиња дел од младински фудбалски тим излегоа од пештерата и тие се безбедни“, соопшти тајландската морнарица на својата официјална Фејсбук страница.

Фудбалскиот тим заедно со нивниот тренер беа „заробени“ на 23 јуни додека го истражуваа пештерскиот комплекс во северната провинција Чианг Раи што е дел од фудбалскит тренинг, но беа затечени од поплава која им го попречи излезот.

Британски нуркачи минатиот понеделник ги лоцираа тринаесетемина гладни и во темница во делумно преплавена комора неколку километри внатре во пештерскиотѕ комплекс.

Спасувачката операција започна во недела кога четири од момчињата беа изнесени  од 19 член спасувачки тим.

Радост меѓу роднините

Уште четири лица беа спасени во понеделникот, а последните четири момчиња и тренерот беа спасени денес.

За жал, при спасувачката операција загина еден поранешен тајландски морнар кој загина во петокот кога стигна до децата и им однесе кислород.

SHARE