Српска пратеничка му честита на Заев за „храброста и мудроста“

Потпретседателката на Демократска странка и пратеничка во српскиот Парламент, Александра Јерков, му честита на македнскиот премиер Зоран Заев за „одговорните, мудри и храбри потези“, мислејќи на повеќедеценискиот проблем со Грција.

Јерков, која заедно со пратеничката Маја Виденовиќ учествуваат во Скопје на меѓународна конференција за европската иднина на Македонијa, му честита на Заев и за тоа што „во ниту еден момент не ги мамеше граѓаните, манипулирајќи со нивните чувства и стравови, ниту се обидуваше да побегне од одговорноста“.

Вториот човек на партијата на некогашниот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во 2003 година, истакна и дека на власта во Србија, но и во други балкански земји, ѝ одговара во регионот постојано да постојат тлеечки конфликти кои во секој момент можат да ескалираат, бидејќи тоа е начин да собираат евтини политички поени и да ги мамат граѓаните.

Пратеничката на партијата што пополнува 13 места од вкупно 250 во Парламентот на Србија е дел од конференцијата на која учествуваат пратеници и претставници на социјалдемократски партии од 15 земји.

 

SHARE

Comments are closed.