Српските наркомани ќе бојкотираат косовска дрога

Српската асоцијација на наркомани (САН) утрово соопшти дека  ќе ги бојкотираат наркотиците што доаѓаат од Косово, пишува порталот Njuz.net, во напис во кој се исмева вчерашната одлуката на Косово за 100 насто да ги зголеми царините за увоз на продукти од Србија.

Доколку ја спроведат својата намера, ова ќе биде голем удар за косовската економија, велат експертите, пишува порталот.

Миле Игла, познат белградски зависник од дрога и портпарол на САН, го објаснува потегот на неговата организација.

„Сите знаеме како им е на нашите луѓе долу на Косово, тие се целосно даум, сите се под притисок од Албанците и од Меѓународната заедница, луѓето во Србија често ги забораваат. Но, ние не и нема да го оставиме српскиот народ на цедило. Одлучивме да ги бојкотираме сите наркотици што доаѓаат од Косово и Метохија. Навистина е проблем, но постојат наркотици што доаѓаат од земји кои не го признаа Косово. На пример, Боливија има одличен кокаин и ја поддржува Србија во борбата за нејзиниот интегритет.

Многу луѓе нè поддржуваат во оваа акција…поради одличните реакции во јавнноста решивме да започнеме кампања на солидарност со граѓаните на Србија во Косово и Метохија, под слогано „Косово е српска вена“ – вели Иглa.

SHARE

Оставете Коментар