Стан во „мираз“ за Бутарис од македонски бизнисмен и советник на Заев?!

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис доби „мираз“ од близок соработник на македонскиот премиер Зоран Заев во вид на стан од 170 квадратни метри, објави грчкиот портал „Проњуз“.

Откако решил да го озакони односот со својата партнерка Марија, 76-годишниот Бутарис бил принуден да се пресели со неа и со нејзините деца во поголем стан, а во пресрет му излегол претприемач и партнер на Заев. За него „Проњуз“ вели дека му е близок советник на претседателот на македонската Влада за многу прашања поврзани со Грција.

Станот се наоѓа во пешачката зона на „Агиас Софијас“ (Света Софија) во Солун.

 

SHARE